Jump to Content

Целиот Google работи за вас

Најавете се на сметката на Google и извлечете го максимумот од сите услуги на Google што ги користите. Вашата сметка ви овозможува да направите повеќе преку персонализација на доживувањето на Google и преку лесен пристап до најважните податоци од каде било.

Google-icons

Ви помага

Кога сте најавени, сите услуги на Google што ги користите беспрекорно функционираат заедно за да ви помогнат во секојдневните задачи како синхронизирање на вашиот Gmail со вашиот „Календар на Google“ и „Карти на Google“ за да имате постојана контрола врз вашиот распоред.

Направен за вас

Без оглед кој уред или услуга на Google ги користите, вашата сметка ви дава усогласено доживување што можете да го приспособувате и управувате во секое време.

Ве заштитува

Сметката на Google е заштитена со обезбедување што е водечко во гранката кое автоматски помага да се откријат и блокираат заканите пред тие воопшто да стигнат до вас.

Подготвен да помогне

Услугите на Google, од Chrome до YouTube, работат подобро и ви помагаат да сработите повеќе кога сте најавени. Вашата сметка ви дава пристап до корисни функции како автоматско пополнување, персонализирани препораки и многу други — во секое време на кој било уред.
Автоматско пополнување
Работи подобро за вас
Останете поврзани, секаде на Интернет

Автоматско пополнување

Сметката на Google ви помага да заштедите време со автоматско пополнување на лозинките, адресите и деталите за плаќање, користејќи ги податоците што сте ги зачувале на вашата сметка.

autofill

Работи подобро за вас

Кога се најавувате на сметката на Google, сите услуги на Google работат заедно за да ви помогнат да сработите повеќе. На пример, потврдата на летот во вашето сандаче на Gmail автоматски ќе се синхронизира со вашиот „Календар на Google“ и со „Карти на Google“ за да ви помогнат на време да стигнете на аеродром.

Works better for you

Останете поврзани, секаде на Интернет

Од продолжување видеа на YouTube на различни уреди, до лесен пристап до вашите контакти и омилени апликации во Play Store – едно најавување ви овозможува непречено доживување насекаде на Google. Сметката на Google ви олеснува и да се најавувате на апликации од трети страни безбедно и брзо, што значи дека вашите поставки ви се достапни дури и надвор од Google.

Stay connected

Само за вас

Сметката на Google ја персонализира за вас секоја услуга што ја користите. Едноставно најавете се на вашата сметка за да пристапите од кој било уред до контролите за вашите претпочитани поставки, приватност и персонализација.
Пристап веднаш
Контроли за приватноста
Безбедно место за вашите податоци

Пристап веднаш

Никогаш не сте подалеку од еден допир од вашите податоци и поставки. Само допрете ја сликата на профилот и следете го линкот до „Управување со сметката на Google“. Исто така, од вашата слика на профилот можете лесно да се најавите, одјавите или да го вклучите режимот инкогнито.

Instant access

Контроли за приватноста

Кога се работи за приватноста, знаеме дека нема едно решение за сите. Затоа секоја сметка на Google доаѓа со контроли и алатки за лесно користење како „Проверка на приватноста“ за да можете да ги изберете поставките за приватност што ви одговараат. Исто така, можете да контролирате кои податоци се зачувуваат на вашата сметка со едноставни контроли за вклучување/исклучување и да ги бришете вашите податоци според датум, производ и тема.

Privacy Control

Безбедно место за вашите податоци

Сметката на Google ви дава безбедно, централно место за складирање на вашите лични податоци — како кредитни картички, лозинки и контакти — за да ви бидат достапни секаде на Интернет секогаш кога ви требаат.

safe place

Ги одржува вашите податоци приватни, безбедни и сигурни

Заштитата на сите податоци во вашата сметка на Google никогаш не била поважна. Затоа вградивме моќни заштити и алатки како „Проверка на безбедноста“ и Google Password Manager во секоја сметка.
Вградена безбедност
Проверка на безбедноста
Google Password Manager

Вградена безбедност

Вашата сметка на Google автоматски ги штити вашите лични податоци и ги одржува приватни и безбедни. Секоја сметка доаѓа со моќни функции како филтри за спам коишто блокираат 99,9 % од опасните е-пораки пред воопшто да стигнат до вас и персонализирани безбедносни известувања што ве предупредуваат за сомнителни активности и злонамерни веб-сајтови.

Built-in security

Проверка на безбедноста

Оваа едноставна алатка ви дава персонализирани препораки за да ви помогне ја држите вашата сметка безбедна.

Security checkup

Google Password Manager

Сметката на Google доаѓа со вграден управник со лозинки кој безбедно ги чува вашите лозинки на централно место до коешто само вие имате пристап.

Google password manager

Вашиот Google започнува тука