Jump to Content

Побрзо, побезбедно, полесно. Најавувајте се со Google со еден допир.

Олеснете ги регистрацијата и најавувањето со вашата сметка на Google за да уживате во омилените апликации и сајтови наместо да трошите време на кориснички имиња и лозинки.

Курсорот е наместен врз копчето „Најавување со Google“ на екран на лаптоп. Икони на апликации се движат на екранот. До лаптопот има мобилен уред на кој исто така се прикажува копче „Најавување со Google“.
  • Најавувајте се без мака

    Лесно и безбедно создавајте нови сметки или најавувајте се во вашите омилени апликации и сајтови без да се мачите со кориснички имиња и лозинки.

  • Користете кој било уред

    Уживајте во беспрекорно и познато најавување на сите прелистувачи и уреди што ги користите, вклучувајќи ги и уредите со iOS и Android.

  • Контролирајте ги вашите поврзувања

    Имајте контрола врз вашите апликации и сајтови така што безбедно ќе споделувате податоци за сметката, како на пр. вашето име, адреса на е-пошта и профилна слика, како и преку управување со пристапот до апликациите на Google, како на пр. Drive.

  • Останете побезбедни со Google

    Збогувајте се со повторно употребените лозинки и слабите податоци за најавување. Користењето на вашата сметка на Google за безбедно најавување значи поголема безбедност за вашите податоци, бидејќи помалку апликации и сајтови ќе ги чуваат вашите лозинки.

Како да користите „Најавување со Google“

Лесно пристапувајте до вашите омилени апликации и сајтови на кој било уред со вашата сметка на Google

Кликнете го копчето „Најавување со Google“ во апликацијата или на сајтот

Изберете сметка на Google што ќе се користи

Ако првпат ја користите функцијата, споделете ги името, адресата на е-пошта и профилната слика од вашата сметка на Google за да се најавите во апликацијата или услугата
Некои апликации може да ви побараат други податоци, како на пр. вашата адреса или телефонски број, а со тоа може да управувате кога сакате во поставките за вашата сметка на Google

Продолжете на апликацијата или сајтот

Тоа е тоа, најавени сте!
Следниот пат лесно може повторно да се најавите со истата сметка на Google

На уредот е прикажан екран за најавување. Под полињата за корисничко име и лозинка има опција за создавање нова сметка или „Најавување со Google“. Копчето „Најавување со Google“ се зголемува и се намалува. Курсорот кликнува на копчето.
Скокачки прозорец го исполнува екранот на уредот. Го упатува корисникот да избере сметка на Google за да продолжи кон апликацијата или да додаде друга сметка. Курсорот ја избира сметката што ќе се користи.
Скокачкиот прозорец се менува и бара од корисникот да дозволи Google да го најави во апликацијата. Курсорот го кликнува копчето „Продолжи“. Скокачкиот прозорец се затвора и на екранот се прикажува апликација што се вчитува.

Најавувајте се побезбедно со доверливата безбедност на Google

  • Безбедно со стандардни поставки

    Заслужувате брз и безбеден процес на најавување. „Најавување со Google“ помага во заштитата од упади во податоците од трети страни така што се ограничува бројот на места во кои се чуваат вашите податоци онлајн.

  • Контролата е во ваши раце

    Управувајте со податоците што избирате да ги споделувате со сите апликации и сајтови од трети страни и ажурирајте ги вашите поставки кога сакате во вашата сметка на Google.

  • Осмислено за приватност

    Google не ги користи податоците или активноста од „Најавување со Google“ за реклами или кој било друг производ на Google. Строго се придржуваме до одговорни пракси во однос на податоците создадени за да се почитува вашата приватност.

Само еден допир ве дели од вашите омилени апликации и сајтови